Правила и услови за користење

Ве молиме, внимателно да ги прочитате условите и одредбите содржани во овој документ бидејќи со секоја употреба на оваа веб-страница се подразбира вашата согласност за прифаќање на условите и на правилата за употреба што се наведени во овој документ.
Термините употребени на оваа веб-страница: „Ние“, „Нас“, „Наше“ и „ММ Дисоски“ , се однесуваат на компанијата ММ Дисоски.
Полиса за заштита на приватноста на веб-страницата
Сите лични информации или материјали испратени на веб-страницата bebule.mk (ММ Дисоски) подлежат на полисата за заштита и приватност на лични податоци на ММ Дисоски, кои се наведени во известувањеto за заштита на приватноста Политика на приватност.

Точност, целосност и навременост на информациите

ММ Дисоски нема одговорност за неточни или нецелосни информации објавени на оваа веб-страница. Сите информации и материјали добиени преку оваа веб-страница ги употребувате и ги прифаќате на сопствен ризик. Се согласувате дека е Ваша одговорност да ги следите сите промени на материјали и информации содржани на оваа веб-страница.

Право на интелектуална сопственост

ММ Дисоски ги поседува сите авторски и други права на интелектуална сопственост над сите текстови, слики и други материјали содржани на оваа веб-страница или поседува дозвола од релевантен сопственик.
Дозволено ви е да ја пребарувате веб-страницата, да ја отпечатите содржината или да ја зачувате на хард-диск, како и за дистрибуција до други поединци, под услов да ги зачувате сите авторски и други права на сопственост, како и заштитниот жиг на сопственикот.
Ниеден дел од оваа веб-страница не смее да се продава или да се дистрибуира за комерцијални цели ниту, пак, смее да се модифицира или да биде инкорпориран за друг бизнис, издавање или веб-страница.
Стоковните жигови, логоата, знаците и услужните жигови (заедно „Стоковни жигови“) прикажани на оваа веб-страница, припаѓаат на ММ Дисоски или на релевантен сопственик. Ништо што е прикажано на оваа веб-страница не смее да се толкува како дозвола за употреба на кој било жиг прикажан на оваа веб-страница.
Секоја Ваша употреба/злоупотреба на Стоковните жигови прикажани на оваа страница или на која било друга содржина на веб-страницата е строго забранета. Исто така, ММ Дисоски ќе го употреби законското право на интелектуална сопственост во целост, вклучувајќи и казнена тужба за сериозни прекршоци.

Линкови на други веб-страници

Линковите се дадени во доверба и ММ Дисоски не се смета одговорна за каква било дополнителна промена на другите веб-страници за кои има дадено линкови. Приклучувањето кон линкови на други веб-страници не значи потврда од ММ Дисоски.
Ви препорачуваме да бидете внимателни и со голема сосредоточеност да ги прочитате законските известувања за приватноста на другите веб-страници што ги посетувате.

Гаранција и одрекување

Употребата на оваа веб-страница е исклучително на Ваша сопствена одговорност.

Гаранција

Оваа веб-страница ви е овозможена врз база „достапност“ па оттаму, ММ Дисоски не дава никаква гаранција, било изразена, индиректна, легална или друга, вклучувајќи ја и гаранцијата дека прикажаниот материјал на оваа веб-страница е целосен, точен, сигурен, навремен и дека не ù штети на третата страна;
Ние го задржуваме правото за ограничување или за укинување на пристапот на оваа веб-страница или на кој било дел во било кој временски интервал.

Одговорност

ММ Дисоски не прифаќа одговорност за каква било загуба предизвикана од вируси што може да го заразат вашиот компјутер или која било друга сопственост преку употреба, пристап или преземање на каков било материјал од оваа веб-страница. Доколку одлучите да го преземете материјалот од оваа веб-страница, го правите тоа на сопствена одговорност.

Недозволени дејства

Недозволени дејства се оние што ММ Дисоски ги смета за несоодветни и/или кои ќе се оценуваат како незаконски чин или се забранети со кој било закон за примена на оваа веб-страница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:
Секој чин што претставува кршење на приватноста (вклучувајќи објавување приватни информации без лична дозвола) или кои било други права на поединецот.
Употреба на оваа веб-страница за клевета или за обвинување на ММ Дисоски, нејзините вработени, други поединци или слично однесување што го загрозува угледот на ММ Дисоски.
Додавање дадотеки што содржат вируси може да предизвика штета на сопственоста на ММ Дисоски или на сопственоста на поединецот.
Вие и ММ Дисоски се согласувате дека кој било спор или тужба поврзана со употребата на оваа веб-страница ќе биде во надлежност на судот на Република Македонија.

„Cookies“

ММ Дисоски не употребува технологија за следење („cookies“).

Амандман на правниот коментар

Го задржуваме правото на измена и корекции на ова известување. Ве молиме да пристапувате на оваа веб-страница одвреме-навреме за да имате преглед на новите информации.